а
Согласно Член 126 од Законот за игрите на среќа и забавните игри, Трговското друштво за трговија, производство и услуги Гранд-Експорт ДООЕЛ Скопје ги донесе следните:
ПРАВИЛА НА НАГРАДНА ИГРА
„Бусто Ве наградува“
Член 1
ОФИЦИЈАЛНО ИМЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
Официјално име на наградната игра е „Бусто Ве наградува“
Член 2
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
Нaградната игра ќе трае во период од 15.11.2018 година до 30.12.2018 година.
Член 3
ЦЕЛ НА НАГРАДНАТА ИГРА/ОРГАНИЗАТОР
3.1 Целта на оваа наградна игра е рекламирање на производите Бусто (кроасан-кроасани) кои ги произведува Гранд – Експорт ДООЕЛ увоз-извоз Скопје ул. Борис Трајковски бр. 194А кои се продаваат на територијата на Р.Македонија.
3.2 Организатор на наградната игра „Бусто Ве наградува“ е Гранд – Експорт ДООЕЛ увоз-извоз Скопје ул. Борис Трајковски бр. 194А (во понатамошниот текст Организатор).
Член 4
ТЕРИТОРИЈА НА КОЈА СЕ ПРИРЕДУВА НАГРАДНАТА ИГРА
4.1 Наградната игра ќе се организира и спроведува на целата територија на Република Македонија во објектите за трговија на мало.
Член 5
ПРОИЗВОДИ КОИ УЧЕВСТВУВААТ ВО НАГРАДНАТА ИГРА
5.1 Во наградната игра ќе учевствуваат сите производи од асортиманот на Бусто (кроасан – кроасани)
Член 6
ОПИС НА НАГРАДНАТА ИГРА, ОПИС И СОДРОПИС НА НАГРАДНАТА ИГРА, ОПИС И СОДРЖИНА НА ПОТВРДАТА ВРЗ ЧИЈА ОСНОВА СЕ СТЕКНУВА УЧЕВСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА, УСЛОВИ ЗА УЧЕВСТВО
6.1 Учесник во наградната игра е секое лице кое ќе купи барем еден Бусто (кроасан- кроасани) и фискалната сметка ќе ја испрати во бел плик со име и презиме, адреса и телефонски број на поштенски фах 678, 1000 Скопје во периодот на времетраење на наградната игра од 15.11.2018 година до 30.12.2018 година или белиот плик со фискалната сметка, име и презиме, адреса и телефонски број ќе го остави во поставените обележани кутии на продажните места на територијата на Република Македонија, објавени на официјалната интернет страница http://www.grand- eksport.com.mk
6.2 Секое пакување од било која грамажа на Бусто (кроасан-кроасани) може да учествува
6.3 Секој испраќач на фискална сметка учествува во официјалното извлекување кое што ќе се случи на 9-ти Јануари 2019 година во 12 часот напладне во просториите на подружницата на Гранд – Експорт на Гранд Фоодс Цорпоратион, Марино- Илинден, ул. 532, бр. 150 Марино, Илинден,а настанот ќе се пренесува на Фејсбук како настан во живо. По извлекувањето ,среќните добитници исто така ќе бидат објавени на официјалната интернет страница http://www.grand- eksport.com.mk во рок од 3 дена по извлекувањето
6.4 Извлекувањето ќе биде рачно од страна на членови од комисијата, а целиот настан ќе биде воден од страна на водител
6.5 За исправноста и регулативата на извлекувањето ќе биде ангажирана комисија составена од 3 членови: Милчо Топличански - контролор во сектор комерција, Никола Јованоски - раководител на комерција во подружница ГРАНД ФООДС ЦОРПОРАТИОН, Марино, Илинден и надворешен член – нотар.
6.6 Не постои никакво ограничување на бројот на фискални сметки кои можат да бидат испратени од страна на едно лице
Член 7
МЕСТО, ВРЕМЕ, НАЧИН И ПОСТАПКА ПРИ ПОДИГАЊЕТО НА НАГРАДАТА
7.1 Во наградната игра ќе учевствуваат сите испратени фискални сметки на кои ќе има барем еден Бусто (кроасан-кроасани) и ќе бидат испратени за време на наградната игра, од 15.11.2018 година до 30.12.2018 година и сите бели пликоа со фискални сметки оставени во обележаните кутии на продажните места на територијата на Република Македонија, објавени на официјалната интернет страница http://www.grand- eksport.com.mk
7.2 Доделувањето на наградите ќе се врши на денот на самото извлекување кое што ќе се одржи на 9-ти Јануари во 12 часот, во просториите на подружницата на Гранд – Експорт, ГРАНД ФООДС ЦОРПОРАТИОН, Марино, Илинден, ул. 532, бр.150 Марино, Илинден
7.3 Подигнувањето на наградите ќе се врши со прикажување на документ за идентификација од страна на извлеченото лице.
7.4 По извлекувањето, во рок од 3 дена, добитниците ќе бидат објавени и на официјалната интернет страница www.grand-eksport.com.mk
7.5 По извлекувањето, подигнувањето на наградите ќе се врши во рок од 10 дена од објавувањето на добитниците на официјалната интернет страна, во просториите на подружницата на Гранд – Експорт, ГРАНД ФООДС ЦОРПОРАТИОН, Марино, Илинден, ул.532, бр.150 Марино, Илинден со личен документ за идентификација
7.6 При превземањето на наградите, среќниот добитник е должен да пополни образец во кој ќе ги наведе своите лични податоци (име, презиме и адреса на живеење).
7.7 Учесниците во наградната игра немаат право да бараат награди во поголема вредност или од различен вид од назначените во правилата од страна на Организаторот. Организаторот не подлежи на никаква одговорност за задоцнети или изгубени учевства.
7.8 Замена на наградите со други награди, со друга парична или друга противвредност не е дозволена. Организаторот не се обврзува да понуди друг тип на награда во истата вредност на планираните награди.
Член 8
НАЧИН НА ОБЈАВУВАЊЕ НА ДОБИТНИЦИТЕ
8.1 Добитниците на наградите ќе бидат објавени на денот на самото извлекување кое ќе биде одржано на 9-ти Јануари во 12 часот напладне во просториите подружницата на Гранд – Експорт, ГРАНД ФООДС ЦОРПОРАТИОН, Марино, Илинден Истите добитници ќе бидат објавени на интернет страницата www.grand-eksport.com.mk. по извлекувањето
Член 9
ПРАВО НА УЧЕВСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА
9.1 Право на учевство во наградната игра имаат сите полнолетни граѓани на Република Македонија, освен лицата вработени кај Организаторот на наградната игра, како и членовите на нивните потесни семејства.
Член 10
ЗАПОЗНАВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ СО ОФИЦИЈАЛНИТЕ ПРАВИЛА
10.1 Официјалните правила на наградната игра по добивањето на согласност од Министерство за финансии, пред започнувањето на наградната игра ќе бидат објавени на интернет страницата www.grand-eksport.com.mk.
10.2 Потрошувачите за наградната игра ќе бидат информирани и преку ТВ реклами кои ќе бидат емитувани на националните телевизии во Репуплика Македонија, како и преку постери и воблери на местата каде ќе се врши продажба Бусто производите
10.2 За подетални информации и прашања во врска со наградната игра, учесниците ќе можат да го контактираат Организаторот со повик на телефонскиот број +3892 774 231 (секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот), или на меил адресата www.office@grand-eksport.com.mk .
Член 11
НАГРАДЕН ФОНД
Наградниот фонд се состои од:
Тип на награда |
Цена/Парче со ДДВ |
Вкупно награди |
Вкупно со ДДВ |
-Главна награда (парична награда) во износ од 1.000.000,00 -Вредносни ваучери во износ од 3.000,00 - Портабл звучник Sony SRS XB 01B - One box Систем МS Sony MHC V-11 BT NFC
|
1.000.000,00
3.000,00 1.800,00
13.999,00 |
1
150
40
10 |
72.000,00
139.990,00 |
Вкупниот награден фонд со ДДВ = 1.661.990,00 денари
Член 12
РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИГОВОР
12.1 Секој незадоволен учесник во наградната игра кој има приговор или рекламација во врска со организацијата на оваа наградна игра, има право писмено да поднесе приговор до Организаторот на наградната игра и за истото да добие писмено известување во рок од 7 дена до приемот на приговорот.
12.2 Приговорите и рекламациите се сметаат за благовремено поднесени, доколку се достават најдоцна 3 дена од утврдувањето на причината заради која се приговара, но не и подоцна од 3 дена по завршувањето на наградната игра.
12.3 Преземањето на било какви активности кои би можеле да пречат, да ја оневозможат, злоупотребат или да нанесат штета на наградната игра се забранети. Доколку се процени или утврди дека некој од учесниците во наградната игра ги злоупотребува правилата на наградната игра Организаторот го задржува правото да го дискфалификува од наградната игра без понатамошни објаснувања како и да преземе соодветни правни постапки против тоа лице.
Член 13
РАЗРЕШУВАЊЕ НА ЕВЕНТУАЛНИТЕ СПОРОВИ
13.1 Секое несогласување помеѓу Организаторот и учесниците во наградната игра ќе се решава спогодбено, а во случај на спор, за истиот ќе решава надлежен суд во Скопје.
Член 14
ОТКАЖУВАЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
14.1 Наградната игра може да се откаже во случај на виша сила, како и во ситуација кога не постои можност од Организаторот да има независност во спроведувањето на наградната игра, но притоа да го извести надлежниот орган (Министерство за Финансии на Република Македонија) и да добие негова согласност за откажување на истата. Во случај на откажување на наградната игра, Организаторот ќе ги информира потрошувачите за откажување на наградната игра, за причините поради кои се откажува наградната игра, како и за датумот на откажување со објавување на интернет страницата www.grand-eksport.com.mk.
Член 15
ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
15.1 При подигнување на наградите, секој добитник е должен да го пополни формуларот со своите податоци (име, презиме и адреса на живеење) и да носи со себе документ за лична идентификација
15.2 Со учевство во наградната игра, учесниците се согласни да ги дадат своите лични податоци (име и презиме, и адреса на живеење). При тоа, Организаторот ќе ги користи и обработува личните податоци на добитниците исклучиво за целите на наградната игра.
15.3 Податоците на добитниците ќе се пополнуваат на претходно изготвени формулари, на местото каде ќе се подигнувањето на наградите
15.4 Добитниците од наградната игра се согласуваат нивните податоци да бидат користени за потребите за објавување на добитниците.
15.5 Организаторот се обврзува дека личните податоци ќе ги користи исклучиво за потребите на наградната игра и дека со нив ќе постапува согласно со законските прописи.
15.6 Добитникот на наградата се согласува дека Организаторот, до отповикување од страна на добитникот, може да прибира, води, чува и обработува збирка собрани лични податоци на наградените и регистрираните корисници, за целите на оваа наградна игра.
15.7 Организаторот на наградната игра се обврзува дека нема да ги проследува личните податоци на трети лица, освен доколку тоа е потребно за изведување на наградната игра.
Член 16
16.1 Овие правила стапуваат на сила по нивно објавување на интернет страницата www.grand-eksport.com.mk.
Управител:
Горан Јордановски
Гранд – Експорт ДООЕЛ Скопје